Овој редок убавец од ’50-те години оди на аукција – се очекува да достигне цена од над 2 милиони долари


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


BMW 507 Roadster е исклучително ретка верзија на кабриолет модел на познатиот автомобилски бренд BMW од педесеттите години на минатиот век.

„BMW 507 Roadster“ е многу редок автомобил, затоа што е изработен во само 253 примероци и многумина никогаш не слушнале за него.

Овој примерок е од 1959 година, а изложен е во „Bonhams“ аукциската куќа, па лицитацијата ќе започне на 21 јануари и проценето е дека ќе биде продаден за околу 2,3 милиони долари.

Кога бил направен, овој модел чинел околу 9.000 долари што во денешна противвредност се околу 87.000 долари.