Овој пат созли радосници: Чапекоенсе со гол во 95-та минута испиша историја (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалот пишува романи. Само една година после големата трагедија, бразилскиот Чапекоенсе синоќа во драматична завршница избори настап во Копа Ливертадорес со гол во 95-та минута.

Чапекоенсе ја победи Коритиба со 2-1 и тоа буквално во последните секунди од натпреварот и обезбеди пласман во најпрестижното клупско натпреварување во Јужна Америка.

По мечот, следеше голема прослава во соблекувалната, а овој пат солзите беа радосници!