Овој остров може да стане првото место на светот „ослободено од мерење на времето“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Норвешкиот остров Сомарој може да стане првото место на светот кое ќе биде „ослободено од времето“.

Со летната рамноденица на северната хемисфера, островот Сомарој, што значи „летен остров“, лоциран на северот од Норвешка, сака да ги замени часовниците со цветни венци и да се прогласи за првата слободна временска зона на светот.

На овој остров сонцето не заоѓа од 18 мај до 26 јули, или вкупно цели 69 дена. Откако ќе завршат долгите поларни ноќи кои траат од ноември до јануари, кога сонцето воопшто не излегува, локалните жители на ова место поголем дел од овие драгоцени летни месеци ги користат без оглед на конвенционалното мерење на времето.

„Секогаш постои дневна светлина, а ние се однесуваме во склад со неа. Среде ноќ, период кој градскиот народ би го нарекол така, можете да видите деца кои играат фудбал, луѓе кои ги бојосуваат нивните куќи или ги косат тревниците, а тинејџерите одат на капење“, вели Кјел Ове Хвединг, жител на Сомарој.

Сите жители на островот потпишаа петиција со која сакаат законски и легално да се ослободат од конвенционалното мерење на времето и истата ја предадоа до норвешките пратеници во паралментот.

„На овој начин само сакаме да го официјализираме она кое ние со генерации ги практикуваме“, истакнува Хвединг.

Островјаните се надеваат дека на овој начин ќе бидат ослободени од традиционалното работно време и дека ќе се воведе флексибилност во школите и на работните места.

Риболовот и туризмот се главна индустриска гранка на овој остров со популација од нешто над 300 луѓе. Хвединг вели дека локалните рибари и жените често ги поминуваат деновите на океан, во потрага по својот улов.

Кога туристите ќе го минат мостот кој води до островот, не се дочекани со катанци кои симболизираат љубов, како на слични мостови ширум светот. Наместо со катанци, мостот кој води до Сомарој е прекриен со рачни часовници, како симболична порака дека гостите треба да заборават на нив додека се подготвуваат за влез во местото ослободено од времето.

Дали жителите на Сомарој ќе успеат во нивната намера за раскинување со конвенционалниот концепт за мерење на времето треба да биде познато наскоро