Овој мускул е 1.000 пати посилен и поцврст од човечкиот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ако досега натчовечката сила и моќ беа само концепт кој го среќававме кај „не-човечки“ креирани карактери во акционите филмови од типот на „Терминатор“, „Киборг“ и слично, денес, благодарение на научниците кои работат на развивање на синтетиката и 3D принтот, тоа станува „земска“ реалност.

Користејќи 3D технологија за печатење, научниците успеаја да направат синтетичка верзија на човечкиот мускул, кој се контрахира и шири, речиси потполно исто како мускулите кои ги имаме на нашето тело. Со помош на слабо струјно коло „мускулот“ успеал да се рашири за 9 пати од својата првобитна површина. Дополнително, „вештачкиот мускул“ успеал да подигне товар 1.000 пати потежок од сопствената тежина. За својата работа научниците објавиле труд во „Nature Communications“.

Важно да се напомене е дека во последните години равојот на вештачката интелигенција е во подем и напредува незапирливо, па според некои дури и веќе претставува закана, додека пак физичката роботика забележува бавен развој и е далеку зад AI.

Според еден од ко-авторите на трудот и еден од учесниците во проектот, се работи за уред кој е најблиску до функцијата, но и изгледот на вистинските мускули во човечкотот тело. Намената на ваквата технологија може да се најде насекаде, од медицината, до градежништвото, па се до секојдневниот живот, но и остава простор врз основа на неа да се надоградуваат така наречените меки роботски решенија.

Поврзувањето на двата artificial моменти, со овој технолошко-научен прогрес, не е прашање на „дали“, туку „кога“ тие автономно и синхронизирано ќе профункционираат.

На Casinobonus.mk најди ги најдобрите бонуси и гратис спинови на најдобрите онлајн казина.