Овој метал е поскап од златото во моментов


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Паладиумот неодамна беше во центарот на вниманието од инвеститорите, бидејќи статистичките податоци упатуваа на структурален дефицит од овој редок метал со сребрена боја предизвикан од растечката побарувачка за истиот во автомобилската индустрија.

Овие неочекувани и ретки услови ја кренаа цената на паладиумот над нивото од 1.500 долари за фина унца, со што паладиумот стана поскап метал од златото. Од средината на август, 2018 година, цената на паладиумот порасна за над 80 проценти. Само во овие неколку месеци од 2019 година, цената на овој метал рипна за 25 проценти.

Паладиумот во автомобилската индустрија се користи за производство на катализатори кои се употребуваат за намалување на емисијата на штетни гасови.

Сè построгите регулации заради заштита на природната средина ја зголемија потребата од овој метал. Побарувачката за паладиум достигна нов максимум паралелно со растот на производството на катализатори за бензин, откако „дизелгејт“ скандалот го компромитираше автомобилскиот гигант Volkswagen, после кој опадна побарувачката за дизел возила.

Според многу аналитичари, структуралниот дефицит на паладиумот во 2019 година влезе во својата десетта година, при што еден од факторите за растечкиот дефицит е штрајкот на рударските работници во јужноафриканските рудници. Од друга страна, и понатаму се очекува побарувачката на паладиум во Кина да остане на високо ниво.