Advertisements
Спорт

Овој Манчестер Сити е најдоминантниот тим во историјата на Премиер лигата!

Манчестер Сити со обезбедувањето на титулата во Премиер лигата изминатиот викенд стана првиот клуб кој ја одбранил титулата после една деценија, пишува Спортски.мк.

Машинеријата на Пеп Гвардиола сега доби уште едно признание – најдоминантен и најдобар тим во историјата на англиската Премиер лигата. Токму поради таков моќен Сити Ливерпул иако освои дури 97 бодови остана без шампионската титула што изгледа неверојатно.

„Црвените“ кои 29 години чекаат на титула во Премиер лигата со овој број на поени би биле шампиони во 26 од последните 27 сезони. Минатата година ако имаа 97 бодови немаше да бидат шампиони повторно поради Сити затоа што овој тим на Гвардиола освои 100 бода.

Англичаните после две вакви чудесни сезони на Манчестер Сити пресметале дека ова е најдоминантниот тим во Англија, подобар и по доминантен од оној на Арсенал кога без пораз ја освои Премиер лигата ии доминантниот тим на Манечстер унајтед од 1999 година…


Сити до шампионската титула стигна со 32 победи во 38 натпревари. Најблиску до нив е Челзи со 29, иако имаат четири порази („Непобедливите“ на Арсенал немаат ниту еден), имааат убедлива гол разлика со плус 72 гола (Челзи е најблиску до нив со плус 57). Просекот на постигнати голови им е 2.5 гола по натпревар, додека проценетот на успешност им изнесува 84.2%.

Извор: Спортски.мк

Advertisements
To Top