Овој лик е прогласен за најбогат во историјата на човештвото


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Африканскиот крал Манса Муса од 14 век се смета за најбогатата личност на сите времиња од историјата на човештвото.

Неговото богатство, доколку се пресмета според денешните вредности, би изнесувало неверојатни 400 милијарди долари.

Муса I владеел во богатата империја Мали во 14 век. Тој беше десеттиот Манса, што значи Крал на сите кралеви.

Империјата Мали се наоѓала во Западна Африка. Манса Муса го заработил своето богатство ископувајќи и тргувајќи со сол и злато. Целото богатство по неговата смрт е изгубено во неколку граѓански војни.

Според приказните, Муса го подарувал своето злато на сиромашните, а бидејќи бил просветлен верник, го ценел образованието. Од неговите бројни стипендии, студенти од целиот муслимански свет се школуваа на Универзитетот Санкоре во Тимбукту, пренесува RTCG.

Во 1324 година отишол на аџилак во Мека. Но, тој не патувал сам. Тој бил придружуван од поворка од 60.000 мажи, 12.000 робови, од кои секој носел златна прачка тешка два килограми. Имало и осумдесет камили кои носеле околу 100 килограми златен прав.

Додека минувал низ Каиро, на народот му делел делел злато. Тој оставил толку многу злато во градот што неговата цена паднала толку драстично што на градската економија и боле потребни цели 20 години за да се избори со инфалицијата

Сакајќи да ја поправи грешката, Муса го позајмил целото злато што можел да го извлече од градот со многу високи каматни стапки. Во исто време, ова бил и единствениот момент во историјата кога еден човек ја контролира и директно ја одредува цената на златото во Медитеранот.

Поради сите негови дела, тој стана познат низ Африка и во тогашниот познат свет.