Овој латино тандем ќе пее на полувремето од следниот „Супербол“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Планетарно популарните латино ѕвезди Џенифер Лопез и Шакира оваа година ќе бидат главна атракција на бината на полувремето од следното издание на „Супербол“, фамозното финале во американско рагби. Двете пејачки тоа го потврдија на Твитер.

„Ништо не може да е поголемо од ова. Едвај чекам да настапам на „Супербоул“, напиша Шакирана својот Твитер профил.

Шоуто ќе вклучува кус музички настап и интервју со двете пејачки.

Финалето во американско рагби ќе се одигра на 2 февруари на стадионот Хард рок во Мајами, Флорида.