Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во време на потполно „извитоперени“ цени на фудбалери кои во последните месеци се мерат со стотици милиони евра, инетерсно е да се прочита и другата страна на приказната.
Другата страна ни доаѓа од соблекувалната на Реал Мадрид, каде Борха Мајорал беше прекомандуван во првиот тим со цел да биде наследник на Карим Бензема. Меѓутоа, ако се гледа сумата која Реал ја исплаќа на неговата сметка, „кралевите“ не го ценат многу овој талент.
Имено, Мајорал е најслабо платен првотимец во најтрофејниот европски клуб. Неговата неделна плата изнесува 12. 000 евра, што е навистина скромна сума во фудбалскиот свет.
Чисто за споредба, неделната плата на Кристиано Роналдо изнесува 400.000 евра плус бројни бонуси. На Мајорал му преостанува уште многу да се труди за да го покаже својот потенцијал. На социјалните мрежи можат да се прочитаат секакви шаливи коментари на негова сметка, иако јасно е дека платата на Мајорал е поголема од онаа на „обичните смртници“.
Мајорал е роден 1997 година и посебно се истакна во младинските категории на Реал Мадрид, па беше префрлен во првиот тим каде до сега има запишанио седум настапи.