Овој јазик го зборуваат 400.000 луѓе на планетата и е загрозен од…

Iceland flag on a laptop

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога Исланѓанец ќе дојде до своето работно место и на врата на зградата ќе прочита „Solarfri”, не му требаат дополнителни објаснувања. Тоа значи дека комплетниот персонал неочекувано отишол од работа, за да ужива во убавото време.

Меѓутоа, исландскиот јазик, гордост на тие на кои им е мајчин, е загрозен од се пораширената употреба на англискиот, масовниот туризам и уредите со вештачка интелигенција за гласовни команди.

Лингвистите кои го изучуваат јазикот на кој зборуваат помалку од 400.000 луѓе на планетата, се плашат дека ова е почеток на неговиот крај.

Поранешната претседателка на Исланд Вигдис Финбогадоутир вели дека исландскиот би можел да заврши во „истата корпа како и латинскиот”.

Еден од главните фактори е тој што никој не ги прилагодува новите уреди на ретки јазици како галскиот, литванскиот и малтешкиот, кои исто така се загрозени.

Меѓутоа, за формирање на база на податоци со отворен пристап, која би овозможила на програмерите уредите да ги прилагодуваат на исландски јазик, потребни се околу 8,8 милиони долари.