Овој хорор од 2017 година е прогласен за најдобар на сите времиња – многумина не се сложуваат со тоа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На популарната страница Rotten Tomatoes можат да се најдат разни филмски рангирања и топ листи, а меѓу нив е и онаа со 100 најдобри хорор филмови на сите времиња.

Филмот на таа топ листа кој беше прогласен за најдобар хорор на сите времиња од страна на критичарите од Rotten Tomatoes е хорор изданието од 2017 година „Get Out“. Тој со 99 насто позитивни рецензии зад себе остави филмски класици како „Psycho“, кој се најде на третото место, „Birds“ од Хичкок кој заврши на 24-то место или „Rosemary’s Baby“, нешто со што многумина нема да се сложат.

На второ место се најде „The Cabinet of Dr. Caligari“, германски хорор од 1920 година, кој имаше стопостотен ученико, но севкупната оценка предност, сепак, му даде на овогодинешниот кандидат за Оскар за најдобар филм.

После третата позиција на споменатиот „Psycho“ со 97 насто, на четврто место се најде „Nosferatu“, потоа „King Kong“, па „Repulsion“ од 1965, седми е „Bride of Frankenstein“, осми „Alien“ од Ридли Скот, деветти е „The Night of the Hunter“ од 1955 година и десетти „The Babadook“.

„Get Out“ во суштина е хорор комедија и режисерско првенче на Џордан Пил, кој ги преиспитува расните односи во САД. Добитник е на угледната награда Independent Spirit Awards (ISA) за најдобро достигнување во нискобуџетната продукција.

Тоа е приказна за млад Афроамериканец кој ги посетува родителите на својата девојка и цело време се грижи како тие ќе реагираат на фактот дека таа е во врска со Афроамериканец. Подоцна испаѓа дека неговите стравови биле оправдани. Главниот лик Крис Вашингтон го игра Даниел Калуја, додека неговата девојка Рози ја глуми Алисон Вилијамс.

Филмот е премиерно прикажан на филмскиот фестивал во Санденс, каде ги воодушеви гледачите и критиката.

Од друга страна, најгласните критичари на Rotten Tomatoes често го обвинуваат овој сајт дека предност во оценувањата критиката од овој агрегатор дава на американската кинематографија.