Овој хибриден убавец ќе биде конкуренција на машините од „Tesla“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Polestar, еден од подбрендовите на автомобилскиот производител Volvo, го разви својот прв хибриден автомобил, Model Polestar 1, кој ќе го движи моќен мотор од 400 коњски сили.

Овој конкурент на електричните автомобили од Tesla ќе се појави на пазарот во Велика Британија на почетокот од идната година, по цена од 40.000 до 65.000 долари.

400 „коњи“ моќниот мотор ќе располага со автономија од 560 км или повеќе, во зависност од верзијата). Моделот Polestar 2 може да биде конкурентен кај заинтересираните кои размислувале да се подноват со електрично возило од типот на Tesla Model 3.

Интересно, по овој модел, може да се очекува и Polestar електричен SUV кој би можел да се натпреварува со сеуште само најавениот Model Y, кој се подготвува од страна на Tesla и ќе се базира на Modelот 3.