Овој геј бакнеж славниот моден бренд го чинеше висока цена на Инстаграм


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Холандскиот производител на машка облека, Suit Supply, се најде во центарот на медиумски скандал откако беше објавена нивната фото кампања, во чии рамки, на фотографиите прикажуваат мажи кои се бакнуваат и прегрнуваат.

Веднаш откако фотографиите се најдоа на нивната официјална страна и нивниот Инстаграм профил, следеше хаос. Голем број машки обожаватели на брендот почнаа да ги бришат од Инстаграм.

Во либералната Холандија мажите во голема мера се почувствувале навредени, а Suit Supply беше затрупан од пораки на хомофоби кои прашуваа што е следно на ред во нивните реклами за производите.

Во само неколку дена брендот изгуби над 10.000 следбеници на Инстаграм, но директорот на компанијата, Фоке Де Јонг, не е загрижен поради тоа. Де Јонг смета дека привлечноста помеѓу двајца мажи е доста важна за модната индустрија и не планира да ја повлече рекламната кампања.

„Беше предвидено и пресметано дека ќе има и негативни реакции, но привлечноста помеѓу мажите е многу важна за нашиот бренд“, изјави директорот, кој се надева дека барем либералниот Запад наскоро ќе го прифати ваквиот начин на маркетинг во модната индустрија.

Иако загубија голем број муштерии и следбеници на Инстаграм, сепак, Suit Supply добија голем маркетинг на светско ниво токму поради сета таа фама која се крена околу нивната промотивна кампања.

Истата нема да биде претставена во Русија и Обединетите Арапски Емирати.