Овој фудбалер е најголема грешка во историјата на Реал Мадрид!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најголемите клубови често прават големи грешки, бидејќи парите кои ги имаат на располагање им дозволуваат да бидат опуштени при купувањето на играчи.

Поради тоа со богатите клубови доаѓаат и големи грешки, па сега ќе ве потсетиме за најголемата грешка која ја има направено „кралскиот“ клуб.

Реал Мадрид е најтрофејниот фудбалски клуб на планетата и во моментов се актуелни европски шампиони. Многу играчи после искуството во Мадрид тврдат дека играње за тој клуб е нешто посебно.

Реал е Реал, но тоа не му значеше многу на легендарниот камерунски напаѓач Самуел Ето. Тој во потрага за минутажа го напушти „Сантиаго Бернабеу“ и среќата ја пронајде во Мајорка, но подоцна кога заигра за Барса стана најдобрата „деветка“ во светот.

Ето играјќи за Барселона ги освои сите можни трофеи и тоа неколку пати, а постигна повеќе од 100 гола. Неколку пати му пресуди на Реал кој го отфрли и го прогласи за недовочно добар. Одмаздата беше слатка, а после неколкуте фантастични години на „Камп Ноу“ се пресели во Интер каде продолжи со своите одлични партии.

После Самуел Ето во „кралскиот“ клуб се многу повнимателни, па главно при продажбата на своте млади играчи ставаат клаузули според кои тие играчи можат да поволни услови да се вратат на „Сантиаго Бернабеу“. (Алваро Мората)

Исто така често во договорите на продадените играчи Реал Мадрид става анти-Барса клаузули, како што беше случајот со Месут Озил, Анхел ди Марија…