Овој фраер некогаш беше жена – ќе ве изненади како изгледал тогаш


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Џејми Вилсон е музичар, диџеј и модел кој се подложи на целосна трансформација на полот од жена во маж.

22-годишниот Американец својот животен и професионален пат го споделува онлајн, вклучително и ситуациите со кои се соочувал за време на транзицијата од жена во маж, па со тоа се наметна како голем пропагатор и агитатор на ЛГБТ заедницата.

На својот Инстаграм профил тој објавува фотографии од пред и после трансформацијата со цел на сите да им покаже дека „за книгата не треба да се суди по корицата“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jaimie Wilson (@tboy61915) on

„Не покажуваат сите знаци дека се трансродови личности. Не мораш да полагаш испит за да докажеш дека си транс…И сигурно не треба ничија дозвола освен онаа личната, сопствената. Мене луѓето не ми веруваа бидејќи им бев премногу женствен“, пишува типот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jaimie Wilson (@tboy61915) on

За Unilad, Џејми откри дека сфатил оти сака полова трансформација уште во средно школо. „Кога имав 15 години знаев дека сум машко, но тоа морав да го ставам на страна бидејќи растев во многу религиозна средина. Знаев дека ситуацијата не би била добра ниту безбедна ако мојот став го кажам јавно и толку рано“, открива тој.

Додава дека изгубил многу пријатели кога прв пат јавно признал дека се чувствува како машко. „Одев во машките делови во шопинг центрите и ја користев секоја ситуација за да се облечам како машко. Имав плакар со машка облека врз која ја ставав женската за родителите да не ја видат ако ми влезат во соба“, раскажува Џејми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jaimie Wilson (@tboy61915) on

Вели дека целосната физичка трансформација комплетно го ослободила. „Бев позадоволен, стресот и емоционалната оптовареност исчезнаа. Станав среќна личност. Станав тоа што вистински сум, станав јас“, додава тој.