Овој филм би можел да биде најстрашниот и најодвратен хорор на сите времиња


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Режисерот Том Сикс сними прилично нечовечки филм за мастурбирањето кој претендира да биде најстрашниот и најодвратен хорор на сите времиња.

Речиси десет години откако го објави третото продолжение од „Човечка стоногалка“, Сикс, наводно, ќе се надмине себеси со ужасот кој ќе го прикаже, а гледачите ќе имаат прилика да го гледаат на филмското платно.

Оние кои гледале едно од продолженијата на „Човечка стоногалка“ веројатно тешко дека можеле да ги заборават сцените од таа трилогија. За оние кои не гледале ниту еден дел од трилогијата, филмот изобилува со сцени со мачење на затвореници на кои устите им се зашиени за ректумот на друг затвореник, па на тој начин прават стоногалка која има еден систем за варење.

Сикс на Твитер објави дека стигнува филмот „The Onania Club“, кој би можел да биде „најодвратно, најгадно и најнечовечко филмско искуство на сите времиња“.

Unilad пишува дека во филмот ќе може да се види човечки леш во распаѓање кој носи очила, пациент кој болува од рак, расплакани бебиња и многу затвореници на колена.

Поради бруталните сцени во неговите филмови, многумина Сикс го сметаат за режисер со помрачен ум.