Овој елемент е главно оружје во превенцијата од рак на градите


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Превенцијата е најдобар лек. Според зборовите на американскиот хирург, Доналд Милер Јр, жените болни од рак на града во својот организам во повеќето случаи имале изразен дефицит на јод.

Научниците докажале дека јодот е есенцијален за здравјето на млечните жлезди, т.е. на женските гради. Имено, забележано е дека жени кои заболуваат од овој вид на карцином имаат зголемен естроген и ниско ниво на прогестерон во ткивото на градата. Токму јодот и тироидните хормони, го регулираат нивото на естрогенот па со самото тоа го намалуваат ризикот од ова заболување.

Не смееме да заборавиме дека превентивните прегледи се неопходни во превенцијата на ракот на градите. За среќа, потребната количина на јод на дневно ниво лесно може да се надомести преку храната и пијалоците.

Дневната потреба на возрасен човек изнесува околу 150 микрограми, на деца околу 130, а на бремени се препорачуваат 300 микрограми јод. Најбогати намирници со јод се морските алги и плодови, помалку го има во зеленчукот и млечните производи, а кај нас го има во минералната вода богата со природно растворен јод.