Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Францускиот претседател Емануел Макрон ја продолжува традицијата на користење француски автомобили за официјална службена употреба.
Бидејќи француската автомобилска индустрија веќе подолго време нема репрезентативен седан во понудата, автомобилите како што се DS, SM и CX од Citroen, Peugeot 607 или Renault 25 сега ќе наследат и еден кросовер. Изборот падна на DS 7 Crossback Élysée.
Основата е DS 7 Crossback E-Tense 300, но автомобилот е дополнително продолжен за подобра удобност. Растојанието помеѓу оските се зголемило за 200 mm, а должината се зголемила на 4790 mm. Покрај зголемувањето на должината, автомобилот доби и малку оклоп, а за новосоздадената улога добил и соодветни држачи за знамиња и сигнални предупредувачки светла.
Уникатните детали вклучуваат тркала од 20 инчи, RF ознаки и антена за специјални комуникациски системи во облик на перки од ајкула.
Очекувано, внатрешноста на автомобилот има индивидуални седишта, заден дел со електрично прилагодување и централна конзола со контроли за вентилација на седиштата и безжичен полнач. Внатрешноста е обложена со црна кожа со детали од Алкантара.
Погонот останал непроменет. Plug-in хибрид со два електромотори и батерија со капацитет од 13,2 kWh. Максималната моќност се познатите 300 КС и 520 Nm, но перформансите се малку полоши поради дополнителната тежина на оклопот. Да потсетиме, на DS во оригиналот му се потребни 5,9 секунди до 100 km/h, а досегот му е 58 km.
DS 7 Crossback Élysée веќе е пуштен во употреба, но не се знае колку примероци му се дадени на употреба на претседателот. Судејќи според зачестеноста на промените, реално е да се очекува дека следниот претседателски автомобил ќе биде DS 9.