Овој е најевтиниот автомобил во САД


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Евтините автомобили на европскиот и американскиот автомобилски пазар, според цени, се тука некаде, блиски, но различна е понудата.

Во Европа, статусот на најевтин модел најчесто го држи Дачија (Сандеро), додека во Америка улогата ја презеде Шевролет по заминувањето на малиот Митсубиши. Името на моделот ни е познато, но сè друго е ново. Така е, тоа е Спарк, а во Америка започнува со цена од околу 13.400 долари.

Се придвижува од 1,4 бензинец со моќност од 99 КС и 127 nm, и е споен со петстепен мануелен менувач. Преносот CVT се нуди како опција.

Спарк нуди комплетна опрема, вклучена инфо-забава од 7 инчи, камера за рикверц, па дури и 10 воздушни перничиња. Најскапата изведба чини 16.800 долари, а освен алуминиумски тркала, нуди и бројни ексклузивни детали. На пример, загреани седишта, систем без клуч и зајакната суспензија се вклучени во цената.