Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Њујоршкиот Eleven Madison Park е прогласен за најдобриот ресторан на светот на официјалната свеченост одржана во средата во Мелбурн.
Тоа е прва таква титула за ресторанот сместен во „арт деко“ зградата со високи столбови која гледа на њујоршкиот Медисон Сквер парк.
Ресторанот минатата година заврши на третото место на ова натпреварување, а најпознат е по своето сезонско мени од повеќе јадења со кои се слави богатата историска и кулинарска традиција во Њујорк, објави организаротот на натпреварот.
Eleven Medison Park е прогласен за најдобар ресторан во Северна Америка за 2017 година.
Наградите за најдобар ресторан се доделуваат веќе 15 години, а се одбираат со гласови од Академијата на 50 најдобри светски ресторани која ја сочинуваат повеќе од илјада влијателни кулинарски писатели и критичари, готвачи и угостители.
Второто место му припадна на Osteria Francescana од италијанската Модена, кој минатата година беше победник, а оваа година ја задржа титулата за најдобар европски ресторан.
Прв меѓу азиските ресторани беше Gaggan од Бангкок кој заврши седми на вкупната листа.
За најдобра слаткарница беше прогласена Dominique Ansel од Њујорк, која го претстави својот авторски хибрид кроасан наречен Cronut, додека за најдобра готвачка беше прогласена Ана Рош.