Филм / ТВ

Овој е најдобриот филм во 21. век според The Guardian

Филмските уредници од британски The Guardian сметаат дека филмот „There Will Be Blood“, од Пол Томас Андерсон, засега е најдобро филмско остварување во 21. век.

Филмот е снимен според книгата „Oil“ од Аптон Синклер и се занимава со темата за суровата борба за изворите на „црно злато“ во САД.

Актерот Даниел Деј Луис за улогата во овој филм ја освои најпрестижната филмска награда Оскар.

Меѓу десетте најдобри филма во 21. век според валоризацијата на угледниот британски весник, се најдоа само три филма кои не се од англосаксонско подрачје – „In the Mood for Love“ (2000) од Вонг Кар Ваи, „Hidden“ (2005) од Михаел Ханеке и „Zama“ од Лукреција Мартел.

Вкупната листа од 100 најдобри филма во 21. век според The Guardian можете да ја погледнете ТУКА.

Advertisements
To Top