Живот

Овој е главниот фактор за работна неспособност во светот според СЗО

Депресијата е водечки фактор за лоша здравствена состојба и работна неспособност. Од таа болест во светот боледуваат околу 322 милиона луѓе, а во изминатите десетина години бројот на заболени е зголемен за повеќе од 18 отсто, соопшти СЗО.

Немањето поддршка кога е во прашање тоа ментално пореметување во комбинација со страв на заболен поединец од стигма, резултира со тоа многумина да немаат неопходно потребно лекување што ќе им овозможи здрав, продуктивен и квалитетен начин на живот, додава во соопштението СЗО.

Тие покренаа кампања со фокус на менталното здравје, а со цел да се помогне да се симне стигмата за тој проблем. Кампањата се води под наслов – Depression:Let’s talk.

Advertisements
To Top