Овој човек е чудо: Федерер повторно владее со светскиот тенис!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Роџер Федерер ја освои титулата на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Швајцарецот до петтата титула во кариерата на овој Мастерс дојде по победата во два сета над сонародникот Стан вавринка.

Роџер Федерер стана највозрасниот победник на турнир од Мастерс серијата, во Индијан Велс тој ја освои петтатат титула на овој турнир прва од 2012 година. Швајцарецот во 35 година од животот уште еднаш покажа дека од почетокот на сезоната се наоѓа во одлична форма, откако победи на Австралија Опен, тој по пауза од пет години го освои и Индијан Велс, што за него беше 90-та титула во кариерата.

Федерер, кој сега е шестти на АТП листата, во клучните моменти успеваше да му го одземе сервисот на противникот. Во првиот сет направи брејк во десеттиот гем за 6:4.

Вавринка во вториот направи брејк во првиот сет, а Федерер возврати во четвртиот кога израмни на 2:2, а потоа нов врејк направи во 12-от гем за сет 7:5 и меч.