Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фолксваген „ID.4“ ја однесе победата во конкуренција на два јапонски модели со кои се „бореше“ за престижното признание „Светски најдобар автомобил на годината“.
Електричниот автомобил од германскиот произведувач триумфираше во изборот за „Светски автомобил на годината“ пред Тојота Јарис и уште еден електричен автомобил, Хонда Е.
Изборот за „Светски автомобил за 2021 година“(World Car of the Year 2021) е завршен во вторник на 20 април со прогласување на победникот во главната, како и во неколку споредни категории.
Меѓународното жиро составено од автомобилски новинари од целиот свет одлучи дека Фолксваген „ID.4“ е автомобил на годината.
Станува збор за електрично „SUV“ возило кое е претставено минатата есен како втор модел на струја од Фолксваген „ID“ серијата.
Со димензии (д/ш/в) 4584/1852/1612 мм, овој автомобил ќе биде подолг од Фоксваген Тигуан, но и малку понизок од тој автомобил.
Фолксваген „ID.4“ ја однесе победата во конкуренција на два јапонски модели Тојота Јарис и Хонда Е.