Овој авиопревозник е прогласен за најдобра авиокомпанија на светот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Qatar Airways по четвртипат е прогласена за најдобра авиокомпанија на светот. Авиокомпанијата исто така ги доби и наградите најдобра бизнис класа, најлаунџ во прва класа и нај-авиокомпанија на Блискиот Исток.

Singapore Airlines е редовен фаворит во трката и се рангираше на второ место и ги доби наградите Најдобра авиокомпанија во Азија, најседишта во бизнис класа и нај кетеринг во премиум економска класа.

Наградите Ворлд ерлајн авордс ги доделува SKYTRAX секоја година и ги нарекуваат Оскари за авиоиндустријата. Наградите се сметаат за вистински барометар на квалитетот на услуги што ги добиваат авиопатниците ширум светот.