Овогодинешното издание на доделувањето на престижните Оскари под категорични протоколи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


93. издание на доделувањето на најпрестижните филмски награди, популарните Оскари, е закажано за ноќта меѓу 25 и 26 април, а во јавноста се откриваат сè повеќе деталите за церемонијата.

Според последните информации, говорите на сцената ќе бидат подолги од порано, за оркестарот да може да се одмори во тој период.

Доделувањето се третира како филмска продукција, па во понеделникот, преку состанок на Зум, Академијата за филмски уметности и науки донесе одлука дека маските не се потребни пред камерите, пишува „Вариети“. Но, гостите мора да носат маски кога не се пред камера и за време на рекламите.

Вкупно 170 лица ќе можат да присуствуваат на доделувањето на наградите, а гостите во публиката ќе се ротираат за време на церемонијата. По пристигнувањето во Унион станицата во Лос Анџелес, каде што ќе се одржи церемонијата на доделување на наградите, на гостите ќе им биде обезбедена маршрута со назнака кога се ротираат за влез и излез. Поради намалениот капацитет, многу холивудски легенди не добија покани за овогодинешните Оскари. Меѓу оние на кои не им било дозволено да присуствуваат на церемонијата е и Роберт Ајгер, шефот на Дизни.

Пред Унион станицата е планиран простор каде ќе се движат номинираните, а се претпоставува дека ќе има и поскромна верзија на црвениот тепих.

Режисер на Оскарите е Глен Вајс, додека продуцентскиот тим е предводен од Стивен Содерберг во соработка со Џеси Колинс и Стејси Шер. Домаќини на церемонијата ќе бидат Бред Пит, Хали Бери, Харисон Форд и Рис Витерспун. На списокот на презентери се најдоа Анџела Басет, Бонг Јун Хо, Дон Чидл, Брајан Кранстон, Регина Кинг, Марли Метлин, Рита Морено и Зендаја.