Овие врски се ОСУДЕНИ НА ПРОПАСТ: Врската на овие хороскопски знаци нема да опстане


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Можеби вас љубовта на прв поглед ве привлекла, но големи се шансите на овие знаци врските и да не им потраат, а ниту среќно да завршат.

Јарец и Стрелец

Овие два знаци се потполно различни. Личностите родени во знакот на Јарец лесно се разочаруваат и, иако говорат дека љубовта не им е најважна работа, сонот им е да ја пронајдат својата сродна душа.

Лав и Риби

Лавовите сакаат во потполност да му се предадат на својот партнер. Не поднесуваат кукање и песимизам, па од врска со Рибите би можеле да излезат само разочарани и исфрустрирани.

Водолија и Бик

Водолијата е знак кој секогаш тежнее кон својата слобода и неоптеретеност. Токму поради тоа личноста родена во знакот на Бик е најлошиот можен избор за Водолија бидејќи Биковите бараат стабилност и непрестајна поврзаност.

Вага и Скорпија

Вагите баераат љубов на долги стази, предаденост, мир и посветеност. Скорпијата не може да понуди ништо од тоа, бидејќи е исклучително песимистична, мрзелива и негрижлива.

Овен и Девица

Личностите родени во знакот на Овен се едноставни, опуштени и не сакаат расправа за љубовните проблеми. Затоа Девицата е лош избор на партнер за Овен поради непрестајната потреба за внимание и своја комплицираност.

Бик и Близнаци

Иако Биковите се фантастичен материјал за врска и многу се толерантни, ниту они не можат да трпат секого. Близнаците тешко се скрасуваат и помируваат, па посветен знак како Бикот можат само да ги доведат до лудило.

Рак и Стрелец

Раковите се вистински емотивци и бараат вистинска љубов која, за жал, не можат да ја пронајдат во Стрелецот. На Ракот му е потребен некој кој околу него ќе се труди и ќе му покаже вистински емоции и љубов.