Овие тројца фудбалери ќе се борат за наградата „играч на годината“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ФИФА денес ги објави тројцата финалисти за „играч на годината“, па покрај стандардните Кристиано Роналдо и Лионел Меси за наградата ќе се бори и Антоан Гризман.

Кристиано Роналдо, Лионел Меси и Антоан Гризман се тројцата фудбалери кои се издвоија од листата од 40 имиња кои ФИФА ги исфрли минатиот месец.

Изборот е сосема очекуван, со оглед на фактот дека Гризман имаше фантастична сезона во која со Атлетико стигна до финалето од ЛШ, а потоа беше избран и за МВП на Европското Првенство во Франција.

Лионел Меси со Барселона ја освои двојната круна во шпанскиот фудбал, а тој е најефикасен фудбалер во 2016 година во светот.

Сепак, најголем фаворит за наградата според букмејкерите е Кристиано Роналдо кој со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампиони, а со Португалија се искачи на европкиот трон.