Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Можно е некои работи во својот изглед или однесување да ги сметате за непривлечни и дека со нив ги одбивате мажите од себе.
Меѓутоа, токму спротивен е ефектот.
Стомакот
Тоа што немате затегнат стомак може да ви пречи само вам и да ви ја руши самодовербата, а тоа за мажите е многу поважно, отколку да бидете фит.
Несовршени заби
Холивуд ни наметна лажна порцеланска насмевка, како принцип на убавина, но ние бараме насмевка со карактер. Затоа немојте да фрлате пари за во устата да имате низок бисер, бидејќи многу е поважно што со неа ќе изговорите.
Уживање во храната
Веојатно на дејт внимавате што ќе нарачате, и се трудите тоа да биде некоја салата или нешто поради што нема да бидете измачкана. Меѓутоа, на момците им е слатко кога ќе земете плешка, бидејќи тогаш знаат дека покрај вас можат да се опуштат и уживаат. Бидејќи и тие се такви.
Лузни и стрии
Лузните се доказ дека сме живи, дека во животот нешто сме минале, баш како борите на пример и затоа нема причина да ги криеме или од нив да се срамиме воопшто.
Лапсуси
Не треба да ве загрижува ако некој збор не го изговарате правилно или направите некој лапсус, барем кога е дејтот во прашање. За тој лапсус сигурно ќе се смеете подоцна и ќе остане супер сеќавање на дејтот.
Смеење
Сите имаме моменти кога толку се смееме што звучиме како Сандра Булок во „Мис Таен Агент“. Заборавете на фејк насмевката, бидејќи на дејтот треба да биде забавно, затоа слободно смејте се колку и да сакате.
Смотаност
Не постои човек кој во се е спретен и кој никогаш не се избламирал. Ќе му биде на мажот мило да ви помогне во работите во кои сте трапави, како и вие нему кога тој нешто нема да умее да направи.