Home Живот и здравје Овие се најдобрите јаглехидрати со кои најефикасно се слабее

Овие се најдобрите јаглехидрати со кои најефикасно се слабее

Со години наназад се провлекува „советот“ дека за да слабеете е потребно да ги исфрлите сите јаглехидрати, што не е воопшто точно.

Исфрлање на процесирана храна како чипсови,која изобилува со јаглехидрати, е сосема во ред да се исфрли, меѓутоа тоа во никој случај не треба да се направи со овие намирници.

1) Јачмен

Ова е една од најстарите супер храни. Истражувањата сугерираат дека јадењето на храна од јачмен богата со растителни влакна може да ги стимулира хормоните во стомакот кои го регулираат апетитот и метаболизмот – со други зборови, подолг период да сте сити.

2) Круши

Во една студија било утврдено дека возрасните кои внесувале најмалку 30 грама растителни влакна дневно, изгубиле над 2кг. годишно, без да прават било какви други промени во исхраната. Една круша со средна големина има околу 6гр. влакна – повеќе од другите овошја меѓу кои и јаболката.

3) Киноа

Оваа житарка не само што содржи скоро дупло повеќе растителни влакна од останатите, туку е и комплетен извор на протеини – што значи дека преку неа може да ги внесете сите амино киселини кои на телото му се потребни за да изгради мускули.

4) Пуканки

Oвие популарни „грицки“ се одличен извор на влакна, имаат многу малку калории и заситуваат. Се разбира, бројот на калории а и штетноста на зголемува доколку ги „потопите“ во голема количина на путер и сол.

5) Сладок компир

Само еден ваков компир содржи околу 27гр. јаглехидрати, но не давајте тоа да ве обесхрабри да го јадете – докажано е дека овие компири го зголемуваат нивото на хормонот адипонектин, кој помага при регулирање на шеќерот во крвта за да метаболизмот работи што поефикасно. Слаткиот компир нема воопшто масти и има помалку калории и натриум во споредба со обичните „бели“ компири.

6) Грашок

Половина шолја грашок има околу 4гр. протеин и растителни влакна, а истиот е богат со цинк, кој е поврзан со зголемување на нивоата на хормонот за ситост, лептин.

7) Кафеав ориз

Доколку белиот ориз во исхраната го замените со кафеавиот, верувајте, вашето тело ќе ви заблагодари. Белиот ориз нема скоро никаква нутриционистичка вредност, додека кафеавиот изобилува со влакна, магнезиум и витаминот Б6.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдобри народни лекови против пролетни алергии

Најдобрите домашни лекови за пролетни алергии Пролетта е прекрасно годишно време кое ни но…