Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Според истражувањето на професорот Тим Спектор, симптомите на таканаречениот индиски сој на вирусот наводно се разликува од оние предизвикани од претходните варијанти на коронавирус, а сè повеќе пациенти тврдат дека не го изгубиле чувството за мирис и вкус и немале треска, туку чувствувале симптоми на силна настинка со течење на носот, болки во грлото и главоболки.
Податоците биле собрани врз основа на истражување на примерок од илјадници испитаници кои ги пријавиле своите симптоми преку апликација.
“Немаме добри вести, гледаме експоненцијално зголемување на бројот на пациенти, особено на северо-западот на Англија и Шкотска. Повеќето од нив се млади луѓе на возраст од 20 до 29 години и малку постари од 40 до 49 години, популација која не е вакцинирана или е вакцинирана само еднаш, што, се разбира, не постигнува соодветен имунитет. Смртноста е малку пониска отколку кај британскиот сој, но она за што треба да се загрижиме е сè уште т.н. втор ковид, така што Велика Британија дефинитивно има проблем “, рече професорот.
Токму овие неспецифични симптоми пациентите не ги припишуваат на вирусот ковид-19 и продолжуваат со вообичаените животни и социјални навики, одат на работа и се забавуваат, мислејќи дека е сезонска настинка.
Професорот апелира на потребата од добивање втора доза на вакцина и останување дома кога ќе се забележи првиот симптом во однос на главоболка, воспаление на грлото и течење на носот.
90% од сегашните случаи во Велика Британија, наводно, се поврзани со делта варијантата на вирусот, пишува Би-Би-Си.