Овие се музичките ѕвезди со најголема заработка во 2019 година според Forbes


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Како и секоја година, така и на истекот од оваа година, списанието Forbesја ја објави листата со најплатени музички sвезди во свет за 2019 година.

Сумата што успеаја да ја заработат за само 365 дена, многумина можат само да ја замислат, па дури и оние што се на крајот на оваа листа не може да се каже дека не се задоволни од приходите за оваа година.

Годинава, втор пат во последните пет години, Тејлор Свифт е прва на списокот „Forbes“, со заработувачка од неверојатни 185 милиони од нејзиниот нов албум и турнејата.

На второ место е раперот Канје Вест со 150 милиони долари, кои ги заработи од продажбата на неговите патики „Јези“, а на третото место е британскиот музичар Ед Ширан со 110 милиони.

Благодарение на големиот број настапи, калифорнискиот рок бенд Иглс заработи 100 милиони во текот на изминатата година и се најде на четвртото место, а Елтон Џон заработи со својата проштална турнеја 84 милиони и заврши на петтото место.

Џеј Зи и Бијонсе го делат шестото место со 81 милион, на осмото е Дрејк (75 милиони), деветтото Диди (70 милиони) и десеттото Металика со 68,5 милиони долари.

На другите места на листата на Forbes се најдоа следниве изведувачи:

11. Ријана – 62 милиони долари

12. Тревис Скот – 58 милиони долари

13. Џастин Тимберлејк – 57,5 ​​милиони (дели место)

13. Кети Пери – 57,5 ​​милиони долари (дели место)

15. Пинк – 57 милиони долари

15. БТС – 57 милиони долари

17. Били Џоел – 52 милиони долари

18. Бруно Марс – 51 милион долари

19. Еминем – 50 милиони долари (дели место)

19. Џими Бафет – 50 милиони долари (дели место)

21. Флитвуд Мек – 49 милиони долари

22. Пол Макартни – 48 милиони долари (дели место)

22. Ариана Гранде – 48 милиони долари (дели место)