Advertisements
Вебкафе

Овие се двете најдобри чоколади на светот – обожавателите се караат кое е поубаво

Колку луѓе, толку омилени чоколада. Консензус за тоа кое е најдобро е невозможен – некој копнее за Киндер Буено, некој за Марс.

Порталот Ranker.com одлучи преку анкетно истражување да провери кое чоколадо е најомилено меѓу чокољупците. Откако The Independent објави дека Кит Кет е во водство, а следат Твикс и Сникерс, фановите на Твикс сеактивираа и почнаа да го рушат рејтингот на Кит Кет, па сега се води „валкана“ борба, а Сникерс и понатаму е трето.

После Сникерс следат Милки Веј, Херши Бар, Нестле Кранч, Батерфингер Бар, 3 Мускетирс, Тоблероне и Алмонд Џој. Марс е 15-то, Линд 18-то, а Киндер Буено 25-то. Баунти е дури 55-то.

Условите некои од чоколадата да се најдат на листата креирана исклучиво од онлајн гласови на читателите е чоколадото да биде во плочкаста форма. Затоа, на пример, Киндер јајцето не се најде на пописот. Забранети беа и форми на чашки, топчиња и слично. А гласот го дадоа над 100.000 луѓе.

Водството на Кит Кет и Твикс не е изненадувачки кога ќе се земе во предвид дека ги има во речиси сите продавници.

Advertisements
To Top