Овие работи ВЕДНАШ бришете ги од Фејсбук


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Скандалот кој се случи со „Кембриџ Аналитика“, а во која беше вмешан и гигантот Фејсбук, мотивираше голем број луѓе да ги избришат своите Фејсбук профили од страв дека нивните лични податоци ќе бидат злоупотребени.

Животите на стотици милиони луѓе денес (како што си мислат тие) е незамислив без Фејсбук, а со текот на годините користење на оваа социјална платформа, на истата за себе имаме дадено податоци кои навистина можат да се злоупотребат на најлош можен начин.

Independent направи листа од нешта кои би требало час поскоро да ги избришете од вашиот Фејсбук профил, со цел да си ја заштитите (што е можно повеќе) личната приватност.

Прво што треба да направите е да го избришете датумот од вашиот роденден. Иако многу луѓе се речиси зависни од Фејсбук честитки за роденден, датумот на раѓање воопшто не е паметно да се чува на Фејсбук, бидејќи тој податок лесно може да биде злоупотребен.

Избришете го и вашиот телефонски број, ако случајно го имате објавено во податоците на Фејсбук. А би требало и да ги избришете најголемот дел од вашите Фејсбук пријатели. Според некои истражувања, еден човек може да одржува врска со најмногу 150 луѓе, а сето останато е само вишок и претставува еден куп непознати луѓе.

За фотографии од вашите деца, и од деца воопшто, ич да не правиме муабет – такви фотки ни под разно на било која социјална платформа. Освен што можат да бидат злоупотребени, запрашајте се како ќе реагира детето на тие фотографии кога ќе порасно (во случај Фејсбук уште да биде активна платформа).

Избришете ги и податоците за вашата адреса на живеење и школото во кое одат вашите деца. Избришете го и вашиот шеф или работодавец. Или воопшто не го додавајте ако не ви е пријател, бидејќи ќе има пристап до тоа што правите на Фејсбук.

Престанете да се означувате на местата кои ги посетувате. Избришете ги сите податоци за тоа каде сте и кога на годишен одмор. Разбојниците сето тоа можат да го искористат за да ви наштетат и да ви провалат во домот.

Советниците препорачуваат и да го избришете љубовниот статус. Не дека тоа е нешто опасно, ама можете да наидете на многу пораки и друг начин на ремет на Фејсбук ако некогаш го смените статусот од „во врска“ во „слободен/на“.

Во последно време сè поголем број луѓе ги објавуваат авионските билети со кои патуваат на разни дестинации. Нималку паметен потег. На една авионска карта хакерите можат да најдат доволно податоци за да ви наштетат.