Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мамурлакот најчесто е неизбежна појава после бурна и пијана ноќ, но иако можете да го победите со разни намирници и напитоци, можете да си ги скратите маките и додека ноќта е уште млада. Не секој алкохол предизвикува мамурлак со ист интензитет следното утро.
Кога алкохолот ферментира, се создаваат нечистотии кои ги нарекуваме конгенери. Тие на алкохолот му ги даваат вкусот и бојата, но во суштина станува збор за токсини.
Оттука, колку алкохолот е потемен, толку мамурлакот од него следното утро ќе биде полош и поинтензивен. Светлите алкохолни пијалоци, како џин, водка, узо и други, исто така предизвикуваат мамурлак ако претерате со чашката, но во тој случај истиот нема да биде ни приближно интензивен и лош како оној од, да речеме, виски, коњак, шток или вињак.
Пијачките и конгенерите
Алкохолни пијалоци со најмногу конгенери (што значи пијачки кои предизвикуваат најлош мамурлак) се следните:
Коњак
Црно вино
Бурбон
Темен рум
Виски
На пример, бурбонот содржи 8 пати повеќе конгенери од џинот, а дури 30 пати повеќе такви од водката.
Што влијае на интензитетот на утринскиот мамурлак?
Ако алкохолниот пијалок е подолго филтриран и дестилиран, во него ќе има помалку нечистотија, но поради тоа неговото производство ќе биде поскапо. Со други зборови, поскапите пијачки ќе ве спасат од лоши мамурлаци (внимавајте, НЕМА да ве спасат од мамурлак, туку од неговиот интензитет).
Но, на тоа можете да гледате и поинаку – евтината водка или џин се еднакво лоши како и скапиот бурбон. Треба да се потенцира дека големите количества шеќер во алкохолот, исто така, го засилуваат интензитетот на утринскиот мамурлак.