Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако сте во потрага за есенско патување кое ќе ви понуди малку одмор, мир и авантуризам тогаш сте на вистинското место. Постојат многу места кои се совршени да се посетат во текот на есента.
Без разлика дали сакате да си дозволите продолжен викенд или кратко патување овој месец следните пет дестинации нудат одличен вид на релаксација.
1. Прованса
Со просечна температура од 15 степени, есента е најдобро време за посета на Прованса. Во тој период нема да наидете на гужва бидејќи туристите веќе го напуштиле градот, а воедно ова е сезона на берба на грозје и маслинки. Што се однесува до сместувањето, во Прованса може да го посетите фантастичниот хотел со пет ѕвезди Domaine de Manville. Тој нуди интересна тура на винарии и ќе имате можност со велосипед да поминете девет околни лозја.
Во месец ноември хотелот организира собирање на тартуфи и часови по готвење кои ги води нивниот главен готвач.
2. Нантукет
Нантукет е една од најпопуларни летни дестинации во Америка, а во текот на есента претставува рај за одмарање и уживање. Покрај природните убавини кои ги нуди ова место можете да се шетате по локалните бутици и ресторани кои се отворени и во текот на месец декември.
Исто така ова место нуди можност за едрење, велосипедизам и голф.
3. Малага
Овој шпански град е познат по врелите лета и прекрасните плажи, но во периодот на есента има умерени температури и е совршено време за негова посета.
Можеби нема да сакате да седите на плажа, но градот ви нуди импресивни културни институции кои можете да ги истражите вклучувајќи го тука и познатиот музеј Carmen Thyssen.
4. Брегот Амалфи
Кога овој романтичен брег почнува да се смирува, односно кога ќе заврши сезоната е идеално време за негова посета. Посетителите можат да го посетат популарниот хотел Le Sirenuse по намалени цени, а патувањето со брод до местата Соренто и Капри исто така е многу попривлечно во текот на есента.
5. Кејп Код
За сите авантуристички души Кејп Код е вистинскиот избор за оваа есен. Сместување можете да пронајдете во Wequassett Resort and Golf Club, со што ќе си обезбедите низа на водени активности како што е фаќање на јастог со локалните рибари или возење со чамец.
Во месец октомври се берат боровниците, а може да учествувате и на многуте фестивали кои ги има во овој период.