Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Можеби тренингот поминал во најдобро светло, но потоа доколку ги направите овие грешки, може да го елиминирате ефектот.
Нормално дека е многу важно тренингот да биде квалитетно одработен, но исто така важно е и што правите после тренинг. Доколку правите некоја од работите кои следат, бидете сигурни дека го саботирате напредокот.
Не се истегнувате
Загревањето пред, и истегнувањето после тренинг се многу важни работи. Со загревање ги подготвувате мускулите за напорот кој ги чека, а со истегнување ја отпуштате напнатоста во нив. Со истегнување исто така ја подобрувате флексибилноста на телото. А со тоа ги намалувате шансите за повреда.
Немате денови за одмор
Веруваме дека можеби сте имале период во кој многу сте јаделе и пиеле. Но, со секојдневни тренинзи без ден за одмор нема да постигнете апсолутно ништо. Дури може да предизвикате и некоја повреда. Вашето тело мора да биде одморено за да работи за вас, а не против вас.
Не си давате време телото да се олади
Со вежбањето телото ја потикнува срцевата работа, затоа после тренинг поготово кардио тренинг не е добро одма да легнете и одмарате. Прво што треба да направите е да го намалите бројот на срцеви отчукувања. Во спротивно може да почувстувате вртоглавица и слично.
Јадете одма после тренинг
Веруваме дека знаете дека оброкот после напорен тренинг треба да биде богат со протеини кои помагаат за опоравување на мускулите. Но, до првиот оброк би морало да почекате 30 минути, а прва работа што треба да ја направите е хидрирањето на телото.
Заборавате на хидрацијата
И после тренинг е многу важно да продолжите со доволно внесување на течности во организмот, а не само за време на тренинг. Мора секојдневно да водите сметка за правилно хидрирање на телото.
Не спиете доволно
Ако напорно тренирате, тогаш мора и квалитетно да се одмарате. На телото му треба време за опоравување на мускулите, па меѓу другите работи потребно му е и добар сон.