
Тексасот се врати – и тоа со стил кој не останува незабележан
Да бидеме искрени: тексас фустаните во последниве години не беа на листата на омилени парчиња. Некаде некогаш ги носевме речиси опсесивно, а потоа ги оставивме настрана – ги сметавме за премногу обични, па дури и застарени. Но сега е време за моден пресврт.
Тексас фустанот се враќа на голема врата, помоќен и поактуелен од кога и да е. Ако во вашиот ормар сè уште имате некој заборавен модел, време е да му дадете нова шанса – затоа што со вистинско стилизирање може да стане најмоќното, највсестраното и најмодерното парче во вашиот пролетно-летен стајлинг.
СОВРЕМЕН ТЕКСАС = СОФИСТИЦИРАНОСТ СО СТАВ
Новата генерација на тексас фустани не признава правила. Тука се надвор од класичните сини нијанси, со текстури што потсетуваат на луксузни ткаенини, со асиметрични кроеви и женствени детали кои совршено ја нагласуваат фигурата. Денес, тексас фустанот е како празно платно – а вие сте уметницата.
Носете го со спортски чорапи и ретро патики, со chunky патики за футуристички стил, со мокасини и oversize кошула, или како горен слој врз светло обоен комплет за впечатлив ефект. Не ја потценувајте моќта на добро стилизиран тексас фустан. Со малку креативност и смел пристап, тој ќе стане вашиот најверен сојузник за беспрекорен стил – од утринското кафе до вечерните коктели.
Време е да го погледнете со други очи – и повторно да го облечете со насмевка. Во галеријата погледнете неколку инспиративни предлози.