Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Последниот ден од месец јуни за многу фудбалери е и последен ден во своите клубови. Некои се радуваат на прекинувањето на соработката, додека некои се чувствуваат како избркани.
Во секој случај, на пазарот постојат многу фудбалери кои се без договор, а од кои може да се направи одличен тим.
Еве неколку предлози на врвни фудбалери, кои можат да потпишат за било кој клуб без обештетување, а заедно прават одличен тим.
Голман – Икер Касиљас
Легендарниот голман на Реал Мадрид во 2015 година го напушти „Сантиаго Бернабеу“ и се пресели во Порто, а ова лето му заврши договорот со тимот од „Драгао“. Има 36 години и е слободен агент.
Одбрана – Пепе
Уште една легенда на Реал е слободна ова лето. Португалецот после 10 сезони поминати на „Сантиаго Бернабеу“ го напушти клубот, а неколку европски клубови се заинтересирани за него.
Одбрана – Џон Тери
Легендарниот капитен на Челзи си замина од „Стенфорд Бриџ“ и моментално е слободен агент, а кариерата веројатно ќе ја продолжи во Премиер лигата.
Одбрана – Гаел Клиши
Отпишан од Пеп Гвардиола го напушта Манчестер Сити. Моментално е без клуб, а медиумите тврдат дека Ливерпул е спремен да му понуди договор.
Среден ред – Хесус Навас
31-годишниот шпански фудбалер го напушта Манчестер Сити каде помина четири години. Последната сезона добиваше мала минутажа, но секако дека сеуште може да игра врвен фудбал, а медиумите тврдат дека ќе се врати во Севиља.
Среден ред – Зоран Тошиќ
После 7 години поминати во ЦСКА Москва Тошиќ не го продолжи договорот, па сега е слободен играч. Има 30 години, а кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Турција, каде интерес покажуваат Галатасарај и Бешикташ.
Среден ред – Сули Мунтари
Поранешниот играч на Интер и Милан последната сезона ја помина во Пескара, па иако има 32 години сеуште може да игра на врвно ниво. Моментално е слободен играч.
Среден ред – Чарли Адам
Чарли Адам после пет години заминува од Стоук и е слободен играч. Екс фудбалерот на Ливерпул најверојатно ќе се врати во Шкотска и ќе потпише за Данди Јунајтед.
Среден ред – Лукас Леива
Му истече договорот со Ливерпул каде минатата сезона одигра 30 натпревари. Бразилецот сега треба да одлучи дали да остане во Европа (има понуди од Премиер лигата) или да се врати во татковината каде има понуда од Гремио.
Напад – Златан Ибрахимовиќ
Манчестер Јунајтед одби да му понуди нов договор па Ибра моментално е слободен играч. Иако наскоро ќе полни 36, но покажа дека сеуште е спремен да големи нешта. Останува да видиме дали кариерата ќе ја продолжи во Европа или ќе се одлучи за МЛС лигата.
Напад – Мирко Вучиниќ
После три години во Ал Џезеира, Мирко Вучиниќ е слободен играч. Екс играчот на Јувентус најверојатно ќе се врати во Италија, а се споменува дека е можно да потпише договор за Лече.