Живот

Овие грешки девојките често ги прават при вежбањето

Сите они кои имаат доволно долго и богато искуство во вежбањето и аеробикот, ќе ви кажат дека не е толку важно колку време вежбате, туку многу поважно е како вежбате. Многу жени вежбаат со цел да се доведат во идеална форма, но притоа прават неколку грешки поради кои не ги добиваат саканите ефекти.

1. Премногу кардио со низок интензитет

Најчестата грешка која ја прават жените е форсирање на кардио тренинзите – постојано трчање на лента со ист (низок) интензитет, без никакви промени. За што подобри резултати, во рутината потребно е да се додаде интервалниот тренинг. Tака, секој пат кога трчате, возите велосипед, пливате и сл., правете го тоа со висок интензитет минута или две, потоа забавете го темпото неколку минути, па повторно засилете го. Со тек на времето, кратете го времетраењето на делот кога одморате.

2. Избегнување на кревање тегови или на поголеми тежини

Mногу жени го избегнуваат тежинскиот тренинг од страв да не се „развијат“ премногу, што е многу голема заблуда. Покрај тоа што женското тело не „набива“ мускулна маса толку лесно колку машкото, колку поголема чиста мускулна маса имате, толку повеќе калории се горат цело време, а не само додека вежбате. Затоа, теговите во рака и не се плашете – резултатите можат да бидат само позитивни.

3. Форсирање на стомачните превиткувања

Уште една голема грешка која ја прават жените е тоа што мислат дека ако прават повеќе превиткувања побргу ќе им се појават стомачните мускули. Сепак, ова движење не ги активира длабоко поставените мускули во средниот дел, како и страничните абдоминални мускули.

Подобар начин да ги вежбате стомачните е вежбата „штица“, попозната како планк – само издржете во таа позиција 30 до 60 секунди и повторете ја вежбата 3 пати.

Advertisements
To Top