Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако имате премногу сува или пак мрсна коса, ако косата Ви е кршлива или ако имате првут, одредени етерични масла можат да Ви помогнат во борбата против овие проблеми.
Многу етерични масла помагаат кај повеќе проблеми, а исто така можете и да комбинирате повеќе различни масла.
За нега на сувата коса можете да користите масло од сандалово дрво, лаванда, рузмарин и иланг-иланг.
Доколку вашата коса е оштетена или кршлива треба да користите масло од камилица, сандалово дрво, лимон и жалфија.
Маслото од рузмарин помага за мрсна коса, како и масло од чајно дрво, босилек и лаванда.
Против првутот ефикасно е маслото од чајно дрво, сандалово дрво, бергамот, лаванда и рузмарин.
Против опаѓање на косата помагаат маслата од рузмарин, лаванда, лимон и ѓумбир.