Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бројни истражувања покажуваат дека конзервансите што се наоѓаат во храната имаат штетни дејства врз човековиот организам.
Едно истражување покажа дека конзервансите ги наведуваат луѓето да консумираат поголема количества храна.
Научниците, имено, сакале да го испитаат дејството на три супстанци врз човековото здравје – бутил-хидрокси толуена (БХТ), антиоксиданс што најчесто се додава во храната (на пример во мешавините од житарици) со цел подолго да остане свежа, перфлуороктанска киселина (ПФОА) што се користи за изработка на садови од тафлон, и трибутил-калаја (ТБТ), што често се наоѓа во боите за бродови и морските плодови.
Истражувањата покажале дека овие супстанци ја нарушуваат комуникацијата меѓу мозокот и цревата и поради тоа сигналот за ситост не стигнува регуларно до мозокот, поради што се зголемува апетитот.