Овие членови на ВМРО ДПМНЕ бараат внатрепартиски реформи и демократизација на партијата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Правници со образовно портфолио и долги години на низа позиции во извршната власт и во партиските тела. Ова накусо е профилот на дел од основачите на барањето за реформи во опозициската ВМРО ДПМНЕ, кои денеска на пресконференција објавија дека почнуваат активности за демократизација и модернизација на партијата. Членови на партијата се повеќе од двецении, а дел од оние кои денеска се појавија во јавноста, сè уште се на позиции во извршната власт.

Александар Михајловски: Oд адвокат на ВМРО ДПМНЕ до барател на реформи на партијата

Александар Михајловски, кој денеска говореше пред новинарите, е член на ВМРО ДПМНЕ од 1996 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Бил претседател на Правната комисија и на Комисијата за надворешна политика во партијата, член на Централниот и Извршниот комитет, и на Унијата на млади сили. Бил уредник на гласникот на УМС, Завет. Од 2000 до 2002 година, работел во МВР, во Кабинетот на министерот како советник за односи со јавноста.

Од 2002 до 2005 година, бил правен застапник на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Од 2005 година работи како адвокат во адвокатската канцеларија „Михајлоски и Поповска, а бил и адвокат на ВМРО ДПМНЕ до 2011 година. Михајловски бил овластен претставник во Државната изборна комисија од ВМРО ДПМНЕ. За медиумите во 2016 година изјави дека сите приговори пристигнати од СДСМ и БЕСА за парламентарните избори, се неаргументирани и имаат единствена цел да ја продолжат политичката криза.

Петар Богојески: Носител на проектите на ВМРО ДПМНЕ за изградба на сали, терени и игралишта

Бигијески е член на ВМРО ДПМНЕ е од 1995 година. Бил претседател и основач на општинскиот комитет на УМС Крушево, а предводел и активности и неколку тела на партијата. Докторанд на политички науки во Бугарија. Дипломира историја и право. Магистер по политички менаџмент. Работи како државен советник за недвижности и правни работи во Министерството за одбрана.

Бил на неколку позиции во Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и Царинската управа. Од 2008 е државен советник за капитални инвестиции во Агенцијата за млади и спорт и државен советник за недвижности и правни работи во Министерството за одбрана. Членува во Младинскиот евроатлански форум, Паневропската унија и Институтот Охрид во Скопје. Она што може да се заклучи од неговата биографија е дека бил носител на проектите на ВМРО ДПМНЕ за изградба на сали, спортски терени и игралишта.

Костадин Богданов: Владин агент за застапување на Македонија пред Стразбур

Шест години е владен агент, пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција. Татко му бил професор на медицинскиот факултет и еден од основачите на партијата, кандидат за пратеник на ВМРО  ДПМНЕ за изборите во 1990, 1994 и 1998 година како и министер за здравство во Владата од 1998 година. Од достапните податоци, може да се види дека Стојан Богданов бил прв претседател на општинскиот комитет на партијата за општина Центар и кандидат за советник во општина Центар на првите локални избори во 2005 кои ги предводеше Груевски.

Магистрира во Мастрихт, Холандија, а кариерата ја започнува во Кабинетот на Претседателот на РМ, Борис Трајковски, како помлад соработник за европски прашања и евроинтеграција.  Во јуни 2004 година ја основа адвокатската канцеларија Богданов и Богданов.  Костадин Богданов е редовен предавач на Академијата за судии и обвинители. Учестувал во работната група за изменување и дополнување на Законот за кривична постапка и работната група за кодификација на граѓанското право.

Извор: Макфакс