Овие четири намирници важат за храна на мозокот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Правилната и здрава исхрана не е важна само за правилно разиено, добро дефинирано и здраво одржувано тело, туку и за функционирање на мозокот кај луѓето.

Затоа, ви пренесуваме четири намирници можат да ја подобрат работата на мозокот и да му дадат сила на еден од најважните човечки органи.

Скуша

Омега-3 масните киселини им даваат флуидност на мембраните на мозочните ќелии што ја подобрува комуникацијата помеѓу ќелиите. Скушата е богата со омега-3 масни киселини и доколку ја консумирате неколку пати неделно може да ви помогне и да го забрза процесот на учење, да ја подобри меморијата, а позитивно влијае и врз вашето расположение.

Телешки џигер

Американска студија за стареење покажала дека храната богата со фолати е извонредна за мозокот, но и го намалува ризикот од добивање на Алцхајмерова болест. Телешкиот џигер има високо ниво на фолна киселина, а се препорачува да се консумира во комбинација со вино.

Киви

Едно киви во себе содржи повеќе витамин Ц од дневната препорачана количина. Освен што помага во штитењето на мозокот од слободни радикали, спречува и успорување на меморијата и способноста за решавање на проблемите. Се препорачува да ги изберете најмеките киви кои ќе може да ги јадете во кашеста форма.

Сушени кајсии

Истражувањата во Америка покажале дека високите нивоа на железо ја зголемуваат нервната активност во левата мозочна хемисфера. Со јадење на неколку суви кајсии дневно во вашиот организам ќе внесете витамин Ц кој ќе биде доволен за зголемување на железото. Освен во сушена, кајсијата има истата моќна функција и кога е во варена форма.