Овие авионски „места за седење“ ги платиле 1.000 долари (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Непријатната ситуација и нервоза која ја доживеало едно британско семејство на враќање од нивниот семеен одмор решија да ја споделат на социјалните мрежи за цел свет да ја чуе нивната приказна.

За летот од авиокомпанијата TUI, со кој требало да се вратат од Менорка во Бирмингем, тие платиле скапи авиобилети со кои се надевале дека си обезбедиле удобен и пријатен лет до дома. Но, пред самото полетување им било соопштено дека нивните седишта воопшто не постојат и дека на тоа место има само празен простор. Мажот и жената наместо на скапите удобни седишта, немале никакви места за седење, па биле принудени да седат на подот.

Во авионот имало само едно празно место и на него седнала ќеркичката, а Паола (44) и Иан Тејлор (55), седеле на под.

„Тврдо е, не е удобно, нечисто е. Не можевме да веруваме, кога сфативме дека нема место за нас” , изјави Паола за британските медиуми. Откако се пожалиле, од авиокомпанијата им понудиле 30 фунти во знак на извинување.

Но, дури откако приказната на брачниот пар се проширила низ медиумите, од авиокомпанијата им понудиле целосен поврат на парите за билети.

За случајот се заинтересирала и Агенцијата за цивилна пловидба, од каде велат дека според законите, забрането е патници да седат на под на авион.

На тоа од авиокомпанијата се правдале дека во последен момент го смениле авионот, па во новиот немало седишта за кои семејството купило билети.