Овие албански близнаци ја „тресат“ Италија – судот мака мачи со нив


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Браќата Труши се идентични близнаци од Албанија кои во Италија се товарат и сомничат за сторени над 100 тешки кражби. Сепак, на полициските и судските органи малку потешко им оди да ги пикнат в затвор за извршените кривични дела.

Италијанските судски власти имаат сериозен проблем како да го осудат серискиот разбојник Труши, бидејќи не можат да утврдат кој го извршил грабежот од двајцата близнаци.

Пред неколку дена судот во Верона го ослободи Едвард Труши (34) од обвиненијата за извршени тешки кражби , бидејќи ниту со ДНК не можело да се докаже дали на местото на злосторството бил тој или неговиот идентичен брат близнак Едмонд.

Неговиот адвокат, Фабио Порта велид ека ова не е прв пат. Судот неговиот клиент го ослободил и 2016 и 2017 година , зашто не можел со сигурност да идентификува кој стои зад кражбите.

Браќата Труши исто се облекуваат и имаат исти тетоважи , а за судиите е најтешко што имаат идентичен генетски профил, така што може да се идентификуваат само со отисоци на прсти, кои искусните разбојници не ги оставаат на местото на грабежите.

Тие се осомничени за стотина кражби на северот на Италија, но полицијата не може засега ништо да докаже.