Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Размислете пред да се впуштите во брак со нив…Во брачната заедница се бара верност, искреност, предаденост, подготвеност на компромис и ставање на себеси на втора позиција.
Некои момци тие квалитети едноставно ги немаат, а еве кои 6 типа на мажи не се пожелни за ваши идни сопружници
1. Маж кој ви го скршил срцето и никогаш поради тоа не се извинил
Тоа што тој вас двајца ве гледа заедно до крајот на животот и во среќен брак не значи дека му е жал што некогаш претходно ве повредил. Иако секој може да погреши, да биде способен да ја признае грешката и да биде со некој кој може да го направи истото е исто така важно за среќен брак.
2. Неверен маж
Заблуда е дека мажот, кој во врската бил неверен, дека во бракот оддеднаш ќе стане верен. Па дури и ако биде така, на таквиот маж никогаш нема да можете да му верувате потполно. А каков брак е тогаш тој?
3. Егоистичен маж
Во љубовта и бракот некогаш самите себеси мораме да се ставиме на второ место. Момците кои премногу се окупирани со себеси не се способни вашите потреби некогаш да ги стават на прво место поради што не се добри брачни сопатници.
4. Измамник
Момците кои се способни да измамат некој за да дојдат до брза и лесна заработка, било да е тоа неговиот злобен шеф кој го заслужил тоа, не е личност на која може да и верувате. Па и ако тоа никогаш не би го направил на вас, никогаш не може да знаете кога би можеле да настадате од неговите (не) дела.
5. Мрзелив
Спротивност на воркохолок е мрезливиот маж. И ако моментално е невработен тоа може да придонесе на вашата врска, ако на себе ги преземе куќните задачи, грижата за децата и слично. Која жена сака сопруг кој само седи на креветот, гледа ТВ и не сака ништо да работи?
6. Маж кој не умее да се носи со проблемите
Во венчалните завети, делот во добро и зло, не постои без причина. Мажот кој се исклучува и се оддалечува кога ќе се појави некој проблем нема да биде со вас кога ќе ви биде најмногу потребен. Не ви треба маж на кој не можете да сметате.