Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Десетте фаци кои во изминатава 2017годна направија најголема заработувачка и зголемување на своето богатство, сумирано, заедно заработија 204, 1 милијарда долари.
Оваа бројка претставува рекорд во заработка на 10 луѓе во текот на една година. Еве ги десетте најпрофитабилни милијардери за 2017 година.
1. Џеф Безос – 33,8 милијарди долари заработка во 2017
Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, има богатство од 98,6 милијарди долари. Компанијата имала рекордна година, а акциите пораснале за 60 проценти.
2. Хуи Ка Јан – 27,4 милијарди долари заработка во 2017
Најбогатиот човек на светот од областа на недвижниот имот има богатство од 36,5 милијарди долари. Акциите од неговата компанија „Евергранд груп“ пораснале за 400 проценти. Компанијата има недвижен имот во повеќе од 200 града во Кина.
3. Бернард Арно– 23,6 милијарди долари заработка во 2017
Директорот на компанијата LVMH најмногу пари заработува од уделот во брендот „Кристијан Диор“. Вкупното богатство се проценува на 63,9 милијарди долари. Арно и неговото семејство купиле акции во „Диор“ чија цена пораснала за 52 проценти од почетокот на годината.
4. Марк Зукерберг – 23,6 милијарди долари заработка во 2017
„Фејсбук“ зад себе остава многу успешна година, а вредноста на акциите пораснала за речиси 60 проценти. Зукерберг има 33 години, а неговото богатство се проценува на 72 милијарди долари.
5. Ма Хуатенг – 21,8 милијарда долари заработка во 2017
Кинескиот технолошки милијардер е сопственик на компанијата „Тенсент холдингс“, во чија сопственост е најпопуларната кинеска апликација за допишување, а има 960 милиони корисници. Акциите на компанијата пораснале за 100 проценти. Вкупното богатство се проценува на 44,3 милијарди долари.
6. Мукеш Амбани – 18 милијарди долари заработка во 2017
Најбогатиот човек во Индија е сопственик на компанијата „Риленс индустрис“, која се занимава со петрохемиска индустрија, нафта и плин, но и телекомуникации. Ја лансирала 4Г-услугата и привлекла 146 милиони корисници. Вкупното богатство се проценува на 41,1 милијарда долари.
7. Карлос Слим – 15,3 милијарди долари заработка во 2017
Најбогатиот Мексиканец е сопственик на најголемите вајфај-услуги и кабелска телевизија во Јужна Америка. Има 17 проценти од акциите на „Њујорк тајмс“. Вкупното богатство се проценува на 65,1 милијарди долари.
8. Јанг Хуијан – 14,8 милијарди долари заработка во 2017
Најбогатата жена во Азија има 57 проценти од акциите на кинеската компанија „Кантри гарден холдингс“, а поседува богатство од 22,8 милијарди долари.
9. Лери Елисон – 13,3 милијарди долари заработка во 2017
Тој е основач на компанијата „Оракл 1977“. Акциите растат и по 40 години. Вкупно богатство е 61 милијарда долари.
10. Франсоа Пино – 12,5 милијарди долари заработка во 2017
Тој е сопственик на аукциската куќа „Кристис“, која ја продала уметничката слика на Леонардо да Винчи – „Салватор Мунди“ за 450 милиони долари. Неговата компанија „Керинг“ управува и со брендовите „Гучи“ и „Стела Мекартни“. Вкупното богатство е 27,3 милијарди долари.
***