Овде моментално живее и се опоравува Михаел Шумахер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сопругата на легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, Корина, одлучи да го продаде луксузниот имот во близина на Женевското Езеро.

Објектот зафаќа 20.000 метри квадратни, а поставената цена е 6,4 милиони фунти, што е двапати поскапо од цената за која семејството Шумахер го купи имотот во 2002 година, пишува „Мирор“.

Корина порано имала сопствен коњички центар на ова место, но поради третманот на нејзиниот сопруг морала да се пресели, а сега живее во вила вредна 27 милиони фунти на Мајорка, која претходно била во сопственост на првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Германскиот „Бунте“ ја опиша пространата резиденција како „исклучителен имот“ и додава дека сè уште има чувари и работници кои го одржуваат.

Што се однесува до самиот имот, тој има главна куќа, објект за гости, канцеларија во која работел самиот Шумахер, базени…

За потсетување, Шумахер сè уште се опоравува од тешката несреќа што му се случи при скијање во 2013 година, а медиумите пренесуваат дека овие средства ќе бидат искористени за негово натамошно заздравување.