Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во полициското одделение Велешта, синоќа во 20.30 часот било пријавено дека бил извршен полов напад врз К.С.К. (55) од Холандија.
Вчера околу 14.30 часот во атарот на село Вевчани, додека жената сликала стадо овци, овчарот и се доближил и побарал тој да ја слика заедно со стадото. Откако ја сликал, К.С.К. се поздравила со овчарот и тргнала кон своето возило.
Во тој момент, сторителот со употреба на физичка сила ја турнал на земја, легнал врз неа и почнало да ја допира по интимните делови од телото. Тој и се заканил со нож да не дава отпор и продолжил во намерата.
Во еден момент, жртвата успеала да се оттргне од него и се упатила кон возилото. Овчарот тргнал по неа, ја отворил вратата од совозачката страна и од нејзината чанта извадил паричник од кој одзел околу 2.000 денари, по што заминал во непознат правец.
Полицијата има сознанија дека се работи за А.А. (29) од село Подгорци, Струшко.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.